Кипарски АПОЕЛ ја надополни негативата која ја имаше против азербејџанскиот шампион Карабах и се пласира во плеј-офот на Лигата на шампионите. Да потсетиме Карабах победи на Кипар со 2:1 на првиот меч минатата недела, а денеска требаше да ја одбрани. Не успеа, АПОЕЛ победи со 2:0 и отиде понатаму.

Томас Де Винсенти од пенал го доведе кипарскиот шампион во водство, а во 68. минута несудениот македонски репрезентативец Урош Матиќ ја затресе мрежата на Карабах и го однесе АПОЕЛ до потребната победа.

Се работи за братот на далеку попознатиот српски фудбалер Немања Матиќ, а Урош имаше и понуда да заигра за Македонија поради потеклото на неговите предци меѓутоа не беше потпишана соработка, па потоа одбра да игра за Србија.