Првиот натпревар во сингл конкуренција по операцијата на колкот Енди Мареј го одигра на турнирот во Синсинати, а на стартот загуби со 6:4, 6:4 од Французинот Ришар Гаске.

Веднаш по натпреварот Мареј соопшти дека ќе се повлече од настап во поединечна конкуренција и на грен слем турнирот во Њујорк, УС Опен.

„Организаторите на УС Опен бараа од мене да се изјаснам дали ќе ја прифатам ’вајлд-картата’ пред натпреварот со Гаске, но чувствував дека не сум во состојба да донесам таква одлука. Одлучив да не ја прифатам, затоа што не знаев како ќе ми биде по првиот одигран сингл натпревар по паузата и не сакав подоцна да се најдам во ситуација да треба да се откажувам од турнирот“, објасни Мареј.

Велшанецот од претходно најави дека Синсинати е шансата да види во каква позиција е кога станува збор за сингл натпреварувањето, со оглед на тоа дека во двојки му оди одлично. Но, со оглед на резултатот уште во првото коло јасно е дека ја донел вистинската одлука.