Селекторот на САД, Грег Попович остана без уште еден кошаркар во националниот тим, откако Кајл Лаури од Торонто Репторс го откажа настапот на Мундобаскетот во Кина.

Лаури не успеја навреме да се рехабилитира по операцијата на палецот на левата рака, повреда која ја доби во полуфиналето на Истокот против Филаделфија, и беше принуден да се најде на долгата листа играчи кои му откажаа на Попович.