Иван Перишиќ и официјално е нов играч на бундеслигашот Баерн Минхен.

Хрватот како позајмица од Интер се сели во редовите на Баварците, кои ќе платат пет милиони евра за него и истовремено ќе се обврзат дека до крајот на следната година ќе го откупат за 20 милиони евра.

Перишиќ мина четири сезони во Серија А, каде одигра 141 натпревар на кои постигна 37 гола.