Весли Снајдер вчера и официјално стави крај на својата кариера. Тој е третиот славен Холанѓанец кој се одлучи на ваков чекор по Арјен Робен и Робин ван Перси. Играше во Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај, освои многу трофеи, беше и европски и светски првак со тимот од Милано заедно со нашиот Горан Пандев.

Капитенот на македонската репрезентација денеска преку својот „Инстаграм“ профил испрати порака до својот некогашен соиграч од Интер.

„Ми беше голема чест да играм и да победувам си тебе мој пријателе…Ти посакувам среќа во иднина“, е пораката на нашиот најдобар фудбалер до Санјдер.

 

 

View this post on Instagram

 

È stato un onore giocare e vincere con te amico mio….in bocca al lupo per il futuro @sneijder10official 🙏🙌

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19) on