По комплетирање на 3. квалификациско коло во кое имаше драматични моменти и пад на гиганти како Порто и Базел, се комплетираа паровите за плеј-офот, односно последното скалило пред пласманот во групите од Лигата на шампионите.

Динамо Загреб за противник ќе го имаат норвешкиот шампион Розенборг. После одличниот настап во Будимпешта, „модрите“ имаат реални шанси повторно да играат во групите на најкомерцијалното клупско натпреварување во светот.

А Црвена Звезда после херојската победа на гостувањето кај Копенхаген после 22 шутирани пенали ќе се соочи со швајцарскиот првак Јанг Бојс. „Жолто-црните“ директно се приклучуваат во плеј-офот, лани го елиминираа Динамо Загреб во плеј-офот па играа во групите во Лигата на шампионите. Ќе видиме што ќе се случи.

ЦФР Клуж откако го исфрли славниот Селтик следна пречка им е Славија Прага, чешкиот шампион.

Освежувањето во Лигата на шампионите ЛАСК Линц својот историски пласман во групите ќе го бара преку белгискиот великан Клуб Бриж.

Првите натпревари се играат на 20 и 21 август, а реваншите на 27 и 28 август. Да потсетиме дека поразените ќе одат во групите на Лига Европа.