Нов меч, нова брука за македонскиот шампион во женска конкуренција Драгон. Во третиот и последен дуел од Групата 1 во квалификациите за Лигата на шампионите која се игра во Босна и Херцеговина „драгонки“ изгубија од израелскиот Тел Авив со 0:7. По првото полувреме Израелските имаа предност од 1:0 со голот на Ефраим, а во второто следуваше потоп на нашиот првак. Коен од пенал зголеми на 2:0, во 73. Накав погоди за 3:0, а од 76. минута маките на нашиот првак беа многу поголеми затоа што останаа со фудбалерка помалку поради два жолти картони на Теодора Ѓорѓевска. Од 79 до 90 минута израелскиот првак даде четири гола (Сејден,  двапати Леинав и еднаш Езурике) за конечни 6:0

Претходно Драгон изгуби од домашниот Сараево со 5:0, па од исландскиот Бреидаблик дури со 11:0. Значи го завршија квалификацискиот турнир со гол-разлика 0:23.

Тоа е полош скор и од квалификациите минатата година: Тогаш имаа нула бодови и гол-разлика 0:20.

Инаку во наредната рунда од оваа група оди Бреидаблик кој ја освои групата со максимални три победи.