Можеби по малку неочекувано, но Тиквеш со враќањето на Марјан Ристевски го доби најголемото засилување во пресрет на стартот на новата сезона во Втората лига – Исток. Со него имаше мали недоразбирања, кои се надминати, а Ристевски во неделата играше во Битола, каде постигна и ефектен гол.

Инаку од ФК Тиквеш информираат дека клубот почнал со продажба на сезонски билети. Првиот билет го купи Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. Покрената е акција преку купување на сезонски билети, да му се помогне на ФК Тиквеш во остварување на целта, а таа е враќање во елитната лига на Македонија.