Кристијано Роналдо во гостување во една емисија откри дека во сезоната во која соработувал со Зинедин Зидан во Реал Мадрид, тие двајца имале одлична соработка и дека имаат посебна врска.

„Веќе имав големо почитување за него, но работата со него придонесе уште повеќе да бидам воодушевен. Многу ми помогна. Начинот на кој разговараше со мене, ме третираше како нешто посебно“, откри Роналдо и продолжи:

„Самодовербата која му е потребна на играчот не зависи само од него, туку и од луѓето со кои е опкружен. Тука најмногу мислам на соиграчите и тренерот. Често Зидан ми кажуваше да се одморам, затоа што јас ќе направам разлика на теренот. Ја сакав таа негова искреност и тоа е причината поради која тој секогаш ќе има посебно место во моето срце.“