Се наближува септемврискиот квалификациски циклус за пласман на ЕП и мечевите со Израел (05.09) и Летонија (09.09) на гости, а проблемите за селекторот Игор Ангеловски од ден во ден се зголемуваат. Посебно тука говориме за дефанзивата.

Речиси половина од играчите кои досега играа за нашата најдобра репрезентација се на клупа или надвор од неа. Стефан Ристовски (Спортинг Л) е повреден, тој тешко дека ќе може да игра во септемврискиот циклус. Висар Муслиу направи трансфер во МОЛ Фехервар и на дуелот со Пушкаш во неделата, не беше ниту на клупата. Ѓоко Зајков е на клупа во својот тим Шарлероа, исто како и Дарко Велковски во тимот на Ријека. Ако и Езџиан Алиоски го сметаме како лев бек, тоа играше на последните два меча со Полска и Австрија, да кажеме дека тој мечот за Лидс против Нотингем го почна од клупата.

Од оние што играат, или играа овој викенд тоа се Кире Ристевски (Ујпешт) и Егзон Бејтулаи (Шкендија). Настапи и Кристијан Тошевски за Вардар, но и тој беше лош како и сите негови соиграчи на дуелот со Македонија ЃП.