Промени во конечниот список на учесници во новата сезона во СЕХА-лига. Веспрем ќе биде единствениот унгарски претставник, откако челниците на регионалното натпреварување донесоа одлука да го остранат тимот на Татања поради несогласувања.

Местото на унгарската екипа ќе му припадне на Спартак Москва, тим кој веќе јавно изрази желба да биде дел од СЕХА-лигата. Рускиот тим ќе биде противник на Вардар во групата А, каде уште се најдоа и Војводина, Татран Прешов, Нексе и Мотор.

Првото коло од регионалната конкуренција се игра на 3 и 4 септември, покрај македонскиот и регионален првак ќе настапува и Еурофарм Работник.