Манчестер Сити избегна суспензија и исфрлување од Лигата на шампионите откако призна дека ги прекршил правилата на ФИФА за потпишување на договори со малолетни фудбалери. Англискиот шампион е казнет со 315.000 фунти.

ФИФА оцени дека Сити ги прекршил правилата за интернационални трансфери за фудбалери помлади од 18 години.

„Граѓаните“ куртулија од посериозна казна иако се бараше строга казна за нив – па дури и исфрлување од Лигата на шампионите, лимитирање на играчи за елитното натпреварување или забрана за трансфери…

Челси поради истите причини доби казна од забрана за трансфери во два преодни рока и парична казна од 460.000 фунти.