Организаторот на играта Марко Јуниор Стошиќ и искусниот примач Александар Милков нема да патуваат со машката одбојкарска репрезентација на првиот контролен двомеч во Крајова со Романија, закажан на 17 и 18 август.

Марко Јуниор Стошиќ не е во Маврово поради повредата на стомачните мускули, додеа Милков, кој пред десетина дена и се подготви на селекцијата по проблемите со коленото, не е во потребната форма за да игра натпревари.

Ова е одлуката на селекторот Никола Матијашевиќ на два дена пред напуштање на базата Маврово и патувањето за Романија.

Националниот тим неделата става крај на едномесечните подготовки во кои главниот акцент беше ставен на физичко-кондициската подготовка, додека она што следува е период на пријателски натпревари за техничко-тактичка глазура за настапот на Европското првенство во септември.