Македонските кадетски репрезентативци, крилото Ненад Костески и бекот Мартин Серафимов се најдобрите стрелци по завршувањето на групната фаза на Светското првенство У19 кое се игра во Скопје.

Костески е лидер на листата на стрелците со вкупно 40 погодоци или по просек по осум гола во петте натпревари кои Македонија ги одигра во групата Ц, додека капитенот Серафимов го следи со 37 погодоци или во просек 7.4 гола по натпревар.

Топ-3 ги заокружува нигерискиот репрезентативец Фарук Јусуф, кој има постигнато досега 36 гола.

Македонија на СП обезбеди пласман во осминафиналето, каде утре, 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се соочи со селекцијата на Португалија.