Стефан Ашковски е херојот на Ботошани. Синоќа, во рамките на 5.коло од елитната лига во Романија, нашиот интернационалец со два гола му донесе бод на својот тим на гостувањето кај Виторул Констанца.

Домашниот тим двапати водеше, но Ботошани со головите на Македонецот двапати израмнуваше. Супер партија на Ашковски, кој ова лето дојде од Славија Софија и веднаш стана еден од најдобрите фудбалери на Ботошани. Инаку покрај останатите клубови, Ашковски беше член и на Партизан, Шкендија…

https://www.youtube.com/watch?v=gGPP7VzJ4ck