Новиот македонски второлигаш Осогово има големи амбиции во новата сезона. Го засилува тимот на сите позиции, а денеска нов член на кочанскиот клуб е офанзивниот играч за врска Филип Михаилов. Тој доаѓа на позајмица од Академија Пандев. Се работи за младински репрезентативец на Македонија, а минатата сезона беше дел од Академија со која го освои третото место во првенството и триумфираше во Купот на Македонија.

Пред два дена Осогово го потврди и играчот од средниот ред Лука Здравковски кој доаѓа од Истра, а нови играчи во текот на летото станаа стоперот Борче Ужевски, Миле Костовски кој дојде од Швајцарија, а е екс-играч на Беласица како и офанзивецот Дејан Стоименов кој дојде од Кит Го.