Бока Јуниорс играше против второлигашот Алмагро во Купот на Аргентина и сензационално испадна после пеналите. Мечот во регуларниот дел заврши без победник 1:1, а Даниеле де Роси на дебито за славниот аргентински клуб го постигна првиот гол. Тоа се случи во 28. минута после корнер. После бројните промашени шанси гостите изедначуваат преку Мартинез, па се прејде кон изведување на пеналите.

А таму фудбалерите на Бока лошо шутираа. Само Тевез погоди, а промашија Мекалистер, Хуртадо и Салвио, а гостите ги погодија сите три.

Тоа значеше и елиминација на Бока од Купот.