Македонскиот вице-првак Еурофарм Работник и грчки АЕК ќе му бидат спаринг-партнери на европскиот првак Вардар пред настапот на ИХФ Супер Глоуб во Саудиска Арабија.

Двата тима од денеска до недела ќе настапуваат на турнирот во Струга, додека следната недела (вторник и среда) во Скопје ќе ги тестираат „црвено-црните“.

Вардарци во понеделникот се вратија од подготовки во Требиње, па добија два дена за одмор и од утре повторно се враќаат на работа и на финалните подготовки за неофицијалното светско клупско првенство.

Пријателските натпревари со Еурофарм Работник и со АЕК ќе бидат финалната контрола на европскиот првак пред стартот на Супер Глоуб, кој се игра од 27 до 31 август.