Седумнаесет годишен кошаркар на МЗТ Скопје, Никола Христовски го загуби животот во вчерашната физичка пресметка која се случи на улицата „Февруарски поход“.

Христовски веднаш бил пренесен во клиниката „Мајка Тереза“ откако бил прободен со нож во тепачка на тинејџери, но не успеал да ја добие најважната битка.

Како што информираат од МВР, на 14 август по полноќ во скопската полиција била пријавена физичка пресметка на улицата Февруарски поход во Ново Лисиче. Истата почнала како расправија од страна на неколку лица со 18-годишник кој бил во друштво на лице на возраст од 17 години.

Во еден момент 18-годишникот извадил нож и му нанел повреди на едно лице од другата група на возраст од 17-години. А.Т. е пронајден и приведен во полициска станица.

Христовски настапувал за кадерската и јуниорската екипа на МЗТ Скопје.