Фантастичниот Марко Кизиќ на голот на Македонија против Португалија, не можеше веднаш да ги сумира впечатоците и да најде одговор на прашањето кои се причините за поразот.

„Игравме навистина храбро, но ни фалеше спортската среќа, затоа што одбиените топки завршуваа кај противникот, имаше и чудни работи, но можам да кажам дека дадовме се од себе. Можеби Португалија повеќе заслужи да не победи на овој натпревар. Имав лично добра партија, но имав и грешки, кои доведоа до негативен резултат. Ако го гледаме натпреварот ќе ја најдеме грешката, но залудно е кога веќе загубивме. Сега следи за нас уште еден натпревар, не чека нова борба, ќе гледаме да победиме“, коментираше голманот по поразот од Португалците.