Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп пред дуелот со Челси во Суперкупот истакна дека сака неговите момци да продолжат со освојување на трофеи, а не да се заситат само со триумфот во Лигата на шампионите.

Пред почетокот на Премиер лигата Ливерпул изгуби во мечот од англискиот Суперкуп, а сега има шанса за уште еден европски трофеј кој претходно трипати го освојувал.

„Сакам да останеме алчни. Тоа е многу важно. Моите играчи се такви и важно е такви да останат. После финалето на Лигата на шампионите имавме четири недели во кои сите не потчикнуваа по рамото. Тоа беше убаво, но таквите успеси можат да ви го одвлечат вниманието, да ве заслепат, да ме направат мекуши. Ние не сме такви, но факт е дека успехот може така да влијае врз луѓето. Мораме да го повториме успехот, не бевме совршени, но мораме да бидеме подобри“, изјави Клоп кој во минатото не сакал да ги гледа натпреварите од Суперкупот.

 

„Таа борба за трофеј не сакав да ја гледам затоа што некако, секогаш бев поразуван во финалето на ЛШ или ЛЕ. Сепак, Суперкупот е конечна потврда дека сте успеале во нешто. Ако не сте во тој меч, тоа значи дека не сте победиле во ниту едно финале. Оваа година Суперкупот за мене е потполно поинаков и се радувам на тоа“, заклучи германскиот стратег на чело на Ливерпул.