Второлигашот Победа од Прилеп за новата сезона се засили со стоперот Леон Најдовски, поранешен фудбалер на Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Тетекс. Има 26-години и е поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Леон е четвртото засилиување на Победа која во новата сезона ќе игра во Втората лига – Исток. Пред неколку денови прилепскиот клуб ги донесе голманот Ѓорѓи Јовановски, напаѓачот Благоја Наумовски и бекот Тони Магловски.

Во клубот се вратија и неколку искусни играчи: Стојанче Дунимаглоски, Христијан Тодороски, Благоја Дамески, Христијан Вецески и Антонио Столевски. Победа го реши и тренерското прашање, па Тони Мегленски ќе остане на кормилото.