Даниел Миловановиќ денеска беше успешно опериран по повредата на препоните која го мачеше извесен период, од таборот на Академија Пандев објавија на својата официјална страница.

„Ова е втор хируршки зафат за неполн месец, по повредата на вкрстените лигаменти на голманот Марко Алчевски. И на двајцата им посакуваме успешна рехабилитација и брзо враќање на фудбалските терени“, порачаа од струмичкиот тим, кој со победа ја стартуваше новата сезона.