Во недела сите патишта во Велес ќе водат кон Градскиот стадион. Имено со почеток од 17 часот, се игра мечот од 2.коло во ПМФЛ меѓу Борец и Вардар. Натпревар кој предизвикува големо внимание во Велес и околината. Секако дека по пауза од 15 години ова ќе биде прво прволигашко претставување на Борец, и токму затоа се очекува трибината да биде преполна. Како надополнување на сета таа еуфорија, која се очекува во недела попладне во Велес, е фактот дека овој натпревар ќе биде пренесуван на Арена Спорт и МРТВ.