Германскиот фудбалер, Месут Озил се појави во јавноста. Пет дена поради заканите кон него и репрезентативецот на БиХ, Сеад Колашинц, ѕвездата на Арсенал одлучи да излезе од својот дом, кој е под засилено обезбедување, од пред некој ден во неговиот двор се забележани и специјални кучиња.

Засега не е познато кога двајцата фудбалери ќе се вратат во редовите на својот тим по оној претрпен страв кога Озил беше нападнат, а Босанецот храбро го одбрани. Токму по овој инцидент, двајцата ограбувачи не се откажаа, постојано се обидуваа да им наштетат. Пред неполна недела пред домот на Озил беа уапсени две лица за кои полицијата се сомнева дека нивната цел била фудбалерот на англискиот тим.

Поради овие проблеми, тие не се најдоа во составот на Арсенал за гостувањето кај Њукалс.