Втор натпревар за Македонија ЃП оваа сезона и втор на теренот на ФФМ. Имено поради реновирање на теренот на својот стадион во Ѓорче, „лавовите“ мечот, на кој се домаќини, против Академија Пандев закажан за во недела, ќе го играат на ФФМ.

Инаку екипата се враќа во Ѓорче дури во 5. коло, кое  е закажано за 14 септември, за мечот со Борец. Во меѓувреме, во 3. и 4. коло екипата на Македонија ЃП гостува на Шкендија и Силекс. Како што велат од таборот на ѓорчепетровци, на теренот се поставуваат прскалки, проект кој одамна беше предвиден. И кога сме кај теренот на ФФМ, да кажеме дека „лавовите“ се надеваат одново на добар резултат, во неделата тие славеа како гости против Вардар со 2:0.