Кој ли само се надеваше дека Краснодар, по поразот дома од 0:1, на гости кај Порто ќе победи со 3:2 и ќе го елиминира европскиот гигант. По тој повод, руската ТВ Мач, малку си дозволи да се зафркава со португалскиот тим. Имено пошто на полувремето беше 0:3 за Краснодар, на Твитерот на ТВ Мач, се огласи самата телевизиска куќа…

„Извинете, ама ние немаме лиценца за прикажување на филмови за возрасни“ алудиријќи на тоа дека Краснодар го растураше Порто во тој дел од мечот, а објавата беше зачинета со монтирана слика на Портохуб.