Македонија е елиминирана во осминафиналето на Светското првенство У19 во Скопје од Португалија. Кадетите одиграа одличен натпревар, храбро се држеа во текот на целиот меч, но не успеаја да се радуваат во клучниот меч.

„Добро се подготвивме за овој натпревар. Добро се држевме, дадовме се од себе, меѓутоа на крај немавме среќа да дојдеме до позитивен резултат против одличната Португалија. Во финишот ни фалеше реализација и малку концентрација и искрено жалиме за поразот“, изјави пикерот на селекцијата, Кристијан Симоновски.