Вардаровите ракометари Кристијан Дисингер и Сергеј Горпишин се појавија во СЦ „Борис Трајковски“ за да го следат осминафиналниот натпревар меѓу Аргентина и Германија на Светското првенство У19 во Скопје.

„Црвено-црните“ ракометари по враќањето од Требиње имаат два дена одмор, па Дисингер го користи слободното време за да им даде поддршка на своите помлади сонародници на мундијалот. Со себе го поведе и Русинот, за заедно да навиваат за Германија.