Македонската машка кадетска репрезентација денеска го игра осминафиналниот меч со Португалија, 20:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а Ракометната федерација на Македонија се погрижи најважниот мундијалски меч да им биде достапен на сите љубители на ракометот.

Натпреварот меѓу Македонија и Португалија ќе има директен телевизиски пренос на ТВ Телма.

Сепак РФМ ги повика сите спортски пријатели да бидат на трибините во „Борис Трајковски“ и да им дадаѕ поддршка на кадетите. Влезот како и за досегашните натпревари е слободен.