Организаторот Струга, со победа 25:20 (11:8) против српски Пролетер го отвори  47. издание на традиционалниот ракометен турнир на „Женска плажа“.

Струга одигра одличен меч, во кој новиот стратег Илија Темелковски дебитираше со победа, а неговата екипа имаше константна контрола на случувањата на теренот.

Вечерва по официјалното отворање на турнирот, следува дуелот меѓу АЕК и Бутел.