Ливерпул е апсолутен владетел на Европа откако вечерва во 44 издание на УЕФА Суперкупот го победи Челси по подобро изведување на пеналите. Мечот се одигра на стадионот „Водафон арена“ во Истанбул, а е историски поради тоа што првпат во историјата го судеше женска судиска тројка на чело со Французинката Стефани Фрапар. Исто како и лани и оваа година немаше победник во регуларните 90 минути (1:1), a по продолженијата резултатот беше 2:2, па се прејде кон изведување на пеналите, а таму поуспешен беше европскиот првак со 5:4.

Ливерпул по четврти пат во историјата го освојува Суперкуп трофејот на УЕФА.

Челси беше многу подобар ривал во првото поливреме во кое преку Жиру поведе, а потоа имаше уште две шанси да го зголеми водството, прво Педро ја погоди пречката, а голот на Пулишиќ беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел Ливерпул беше многу подобар. Го изедначи резултатот со голот на Садио Мане, а имаше уште една супер шанса но Кепа го сочува својот гол. Следуваа продолженија, а во првото имаше поништен гол на Маунт, погодок на Сане за водство на Ливерпул и веднаш по него погодок на Жоржињо од пенал за 2:2.

Во пенал рулетот до петтата серија беше изедначено, а тогаш Салах погоди, додека Абрахам промаши и победата му припадна на Ливерпул.


ТЕК НА НАТПРЕВАРОТ

ЛИВЕРПУЛ ГО ОСВОИ СУПЕРКУПОТ НА ЕВРОПА !!!

ЛИВЕРПУЛ – ЧЕЛСИ  2:2, по пеналите 5-4

ПЕНАЛИ
Петта серија: (5-4) Салах прецизен, Абрахам промаши. Голманот Адријан го одбрани неговиот удар.
Четврта серија: (4-4) Александер-Арнолд погоди, а и Емерсон не згреши
Трета серија: (3-3) Ориги ја тресе мрежата, но и Мејсон Маунт прецизен
Втора серија: (2-2) Фабињо носи предност за „црвените“, Баркли изедначи
Прва серија: (1-1) Фирмино од Ливерпул погоди, Жоржињо изедначи.

КРАЈ! ЌЕ ИМА ПЕНАЛИ

112 минута – Маунт шутира од 15 метри, Адријан брани. Во продолжение на акцијата Педро се најде во ситуација, но шутна покрај голот.

103 минута – Супер шанса за Абрахам кој шутна покрај голот.

↔️ 102 минута излегува двојниот стрелец Садио Мане, а влегува „џокерот“ на Клоп Дивок Ориги.

⚽ ГООООЛ! 100  минута и изедначување за Челси! Жоржињо погоди од 11 метри. Сега е 2:2.

99 минута – Адријан истрчува да спречи напад на Челси, стигна прв до топката, но патем го собори и Абрахам. Судиката Фрапар свирна пенал, но потоа побара помош од ВАР собата. Од таму ја потврдија нејзината одлука.

98 минута – Абрахам се најде во добра позиција, но Адријан го одбрани неговиот шут.

ГООООЛ! 94 минута! Одлична комбинација на Мане и Фирмино. Сенегалецот го проигра Бразилецот на левата страна, а овој врати во шеснаесетникот каде Сане шутна со сета сила и ја закова топката во мрежата.

↔️ Клоп ја прави третата измена. Александер-Арнолд место Робертсон.

КРАЈ НА МЕЧОТ 1:1 – ЌЕ ИМА ПРОДОЛЖЕНИЈА

89 минута – Нововлезениот Томори се најде во добра шанса, но не ја удри топката добро со глава и таа заврши над голот на Ливерпул.

↔️ 84 минута – Лампард прави измена. Го вади од игра Кристенсен, а на негово место влезе младиот Томори.

83 минута – повторно поништен гол на Челси. Маунт истрча напред и погоди, но претходно сантиметри беше во офсајд. Добра проценка на судиката Фрапар.

74 минута! Каква шанса за Ливерпул. Салах шутира Кепа одбрани, во вториот обид шпанскиот голман го одбрани шутот на Ван Дајк, а топката удри во пречката и стигна до еден дефанзивец на Челси кој расчисти.

↔️ 73 минута, двојна измена во Челси. Абрахам на местото на Жиру, а Маунт место Пулишиќ.

70 минута – после фуриозните воведни 15 минути на Ливерпул во второто полувреме, ритамот на играта забави. Повеќе борба на средината на теренот и неколку прекршоци. Шансите за гол нема…

↔️ Измена во Ливерпул во 64 минута. Вајналдум излегува, а влегува Џејмс Милнер.

50 минута – Мане истрча во контра, уфрли до Хендерсон кој шутира од далечина, топката закачи еден од дефанзивците на Челси и заврши во рацете на Кепа.

ГООООЛ! ВО 47 МИНУТА ИЗЕДНАЧИ НА 1:1. НАПАЃАЧИТЕ НА ЛИВЕРПУЛ ИЗБЕГНАА ОФСАЈД СТАПИЦА, А МАНЕ ЈА ЗАТРЕСЕ МРЕЖАТА НА КЕПА.

↔️ Измена во Ливерпул на стартот на второто полувреме. Во соблекувалната остана Окслејд-Чембрлејн, а во игра влезе Роберто Фирмино

КРАЈ НА ПРВО ПОЛУВРЕМЕ. Сосема заслужено Челси води затоа што имаше посериозни шанси, ја погоди и пречката им беше поништен и гол поради офсајд. Оливие Жиру ја погоди мрежата на Адријан во 36. минута и тоа е негов 12-ти гол во 16 натревар за Челси во европските купови. 

41 минута – Пулишиќ прими топка во празно, тргна кон средината на теренот и шутна по земја, а топката заврши во мрежата. Судиката Фрапар суди офсајд. Во приемот на топката Американецот бил во офсајд. ОПРАВДАНО

ГООООЛ! ВО 36. МИНУТА ЧЕЛСИ ПОВЕДУВА. Кристијан Пулишиќ го пронајде осамениот Жиру во нападот, а овој го совлада Адријан.

31 минута – повторно корнер за Ливерпул, нафрлена топка, неочекувано во ситуација се најде нискиот Мане кој шутира со глава но тоа го прави слабо и Кепа брани.

По пола час игра Челси е многу подобар противник на средината на теренот, а Ливерпул со висок пресинг се обидува да го принуди противникот на грешка.

29 минута – корнер на Ливерпул, нафрлена топка, Кепа се излета, а Ван Дајк со глава го префрли голот.

21 минута – Педро се најде во одлична ситуација, но откосо и шутна силно со левата нога и топката удри во пречката и отиде на спротивната страна од теренот.

ВО МЕЃУВРЕМЕ НА ТРИБИНИТЕ

16 минута – Салах трча во контра напад, шутира со левата нога но голманот Кепа брани.

10 минута – Шут на Педро од далечина, но покрај голот на голманот Адријан.

6 минута – Сане се обиде со ножички да реализира, топката удира во раката на Kристенсен меѓутоа судиката не суди пенал. Бекот на Челси немал намера. Ниту реши да побара помош од ВАР собата.

 

ЕВЕ ЗА КОИ СТАРНИ ТИМОВИ СЕ ОДЛУЧИЈА КЛОП И ЛАМПАРД

ЕВЕ ГО СТАРТНИОТ СОСТАВ НА ЛИВЕРПУЛ – КЛОП СЕ ОДЛУЧИ ЗА ОВИЕ ИГРАЧИ

НАВИВАЧИ НА ЛИВЕРПУЛ ВО ИСТАНБУЛ

 

НАВИВАЧИ ОД ЧЕЛСИ ПРИСТИГНАА ОД СИТЕ СТРАНИ НА СВЕТОТ

* Првпат натпреварот ќе го суди дама. Тоа е Французинката Стефани Фрапар, а помошнички и се Мануела Николоси од Италија и Мишел О’Нил од Репубика Ирска која исто така работеа покрај неа на женското СП. Турскиот арбитар Џунејт Чакир е четврти судија на мечот што ќе се одигра во неговиот роден град Истанбул.

* Ливерпул го брка четвртиот трофеј во ова натпреварување, додека Челси вториот. Кој и да победи на Англија ќе и го донесе осмиот пехар во Суперкупот, а само Италија (9) и Шпанија (15) имаат повеќе од нив.

* За трофејот од УЕФА Суперкупот првпат ќе се борат англиски екипи и првпат се одржува во Истанбул. Домаќин е „Водафон арена“, стадионот на Бешикташ.