Шокантна снимка од моторниот спорт! Во Шпанија се одржа 60. издание “La Baneza Urban Circuit”, односно трката во градот Леон, а една случка ги исплаши гледачите но и учесниците. За време на трката Пабло Каберо ја загуби контролата над моторот и удри во заштитниот ѕид по што остана да лежи на асфалтот. Во следниот миг противникот Мигел Анхел Фернандес, кој немаше време за реакција, едноставно помина преку главата на несреќниот противник и потоа се струполи на патеката.

На местото на настанот пристигнаа лекари, а Каберо бил однесен во болница, додека Фернандес поминал со гребнатинки. За среќа Каберо поминал без сериозни повреди.

Го гледав видетото. Изгледа страшно, но да бидам искрен не беше така. Точно дека ударот беше силен и мислев дека ќе се онесвестам, но лекарите веднаш ми пружија помош и не се случи тоа. Добро сум“, коментира Каберо.