Кога Стефани Фрапар беше назначена за главна судика на финалето на Суперкупот на Европа помеѓу Челси и Ливерпул, тоа е нејзиниот најголем натпревар во кариерата туку исто така е историски затоа што е првата дама што ќе суди на машки натпревар во едно европско натпреварување.

Фрапар досега судеше напревари од француската Лига 1 во вториот дел од минатата сезона, а исто така го судеше и финалето на женското СП во јули. Oна што е исто така интересно првпат на меч од УЕФА Суперкупот ќе се употреби ВАР системот.

Не чувствувам страв. Одамна го надминав тоа. Тренирам долго време, веќе судев неколку натпревари, па спремна сум и за овој предизвик“, вели 35-годишната судика.

Нејзини помошнички ќе бидат Мануела Николоси од Италија и Мишел О’Нил од Репубика Ирска која исто така работеа покрај неа на женското СП. Турскиот арбитар Џунејт Чакир е четврти судија на мечот што ќе се одигра во неговиот роден град Истанбул.

Ми се промени животот, сега сум популарна во светот. После неколку натпревари во Лига 1 веќе знам какви чувства и емоциите побудуваат натпреварите меѓутоа веќе знам како да ги потиснам. Свесна сум за важноста на мечот, но и се радувам што ми ја дадоа довербата. Ќе судам најдобро што знам“, изјави француската судика.

Фрапар беше дочекана со воодушевување на првиот меч во Франција. Чакир кој судеше натпревари од ЛШ и Мундијалите вели дека ова е добар потег на УЕФА.

Кога излегуваме на теренот ни сите сме судии. Нема тука машко-женско. Пред две недели во Загреб трениравме заедно, исти фитнес тестови, исти правила на играта, исти тренинг сесии. И ги поминавме успешно. Не видов разлика. Можам да кажам дека тие се похрабри од нас. Воопшто не се двоумат да донесат одлуки, па дури таа да биде непопуларна. Верувајте ми. Ќе видите“, вели Чакир.