Нигериецот Кенет Омеруо, кој седум години е играч на Челси, а нема ниту еден настап за лондонскиот клуб од следната сезона ќе биде фудбалер на Леганес. Причината за тоа е што 25-годишниот фудбалер о изминатите седум години беше на позајмица во седум различни клубови. Во последната сезона настапуваше за Леганес, кој одлучи да го откупи неговиот договор и да му понуди соработка до 2024 година.

Омеруо е играч на Челси од 2012 година, а од тогаш има настапувано во Холандија, Чемпионшипот, турската Супер лига, како и шпанската Ла Лига.

Омеруо е стандарден репрезентативец на Нигерија, кој има 50 настапи за националниот тим, а го освои и третото место на Африканскиот куп на нации.