Вториот македонски претставник на турнирот во Струга, Бутел загуби од грчки АЕК со 25:21 (13:11) во првиот меч од групната фаза.

Двата тима одиграа одличен меч во кој константно си парираа, но во моментите кога се кршеше резултатот и во финишот на мечот, АЕК остана мирен и концентриран и си ја одработи добро задачата, што на крајот му донесе и победа.

Мајиќ со осум гола беша најефикасен кај Бутел, додека Јакобсен имаше исто толку погодоци за АЕК.