Италијанскиот напаѓач Марио Балотели е слободен фудбалер откако му истече договорот со Олимпик Марсеј, па е во потрага по нов клуб. Фламенго е најзаинтересиран за него, а и Супер Марио смета дека понудата на бразилскиот клуб е интересна исто како што е интересно да заигра во бразилскиот шампионат. Фламенго му нуди на екс-играчот на Сити двегодишен договор и годишна плата од 5 милиони евра, а Супер Марио е задоволен од тоа, но има и еден посебен услов за бразилскиот клуб.

Имено, тој барал неговиот брат Енок да потпише за Боависта која е филијала на Фламенго во Серија Д, но не само тоа туку брат му да одигра и најмалку 10 натпревари за овој клуб.

26-годишниот Енок беше дел од младинскиот погон на Боависта кога Марио играше за првиот тим, но немаше успешна кариера – играше за некои италијански нисколигаши и клубови од Малта.

Се зборува и за интерес од Бреша за напаѓачот, но нема ништо од тоа.