Низ Светското кадетско првенство бевме сведоци на најразлични напади кон селекторот Данило Брестовац. Дел сметаат дека тој не го одбрал најдоброто, предводникот на „црвено-жолтите“ имаше свој коментар.

„Имам напад од бивш ракометар, тренер, затоа што син му не го викам во репрезентација. Неговиот син е на поширокиот список, но не е сега за во тим. Тој може да ме напаѓа мене, ми вели да го земам. Но, јас не можам да го сторам тоа бидејќи има подобри од него на таа позиција. Ме напаѓаат и ме навредуваат ама ако нема ме навредуваат. Ракометарите доаѓаат од различни градови, Ресен, Струга, Струмица…

Сакам да прашам кој игра тука со врски, како што велат? Не заслужуваат да реплицирам на пораките и на сите работи што ги добивам на интернет. Тоа не е мој стил“, порача Брестовац.