Кадетската селекција на Македонија на 13. место го заврши настапот на Светското првенство У19 во Скопје.

Нашите надежи се среќни што се одјавија со победа, но стои болката дека вчера, во осминафиналето имаа свои шанси со Португалија, но не ги искористија.

„Целта ни беше осминафиналето, желба ни беше да игравме во четвртфинале, не успеавме. Против европските екипи и против Аргентина одигравме добри натпревари, се другото не сум задоволен. Не го игравме тоа и што сме се договарале и што сме тренирале. Каква блокада им се случи на играчите не знам да кажам додека не направам комплетна анализа на првенството, дали е притисок, стрес, домашен терен… Ни недостасуваше борбеност, на секој меч да се дава максимумот. Можеби, она јас што го приметив, е дека ни недостасуваше хемија во екипата, можеби тоа немавме…Тое е една работа за која може да кажам дека нешто сме пропуштиле. Во играта фалеше креативноста, која инаку на тренинг ја имаат играчите.

Можам да ги пофалам дека сакаа, не е дека желбата недостасуваше, но имаа ментална блокада која ги спречи во тоа.

Кога ќе ја споредиме играта, сепак мислам дека 13 место во светот е реалност и дека вчера ја пропуштивме можноста да направиме нешто големо“, заклучи селекторот Брестовац по последниот мундијалски натпревар.