Женската кадетска репрезентација со убедлив пораз стартуваше на Европското првенство Б Дивизија. Кошаркарките до 16 години беа совладани од своите врснички од Холандија со 101-21 (27-2, 27-3, 20-14, 27-5), меч кој покажа дека имаме голем проблем кога станува за припадничките на понежниот пол во овој спорт.

Никако не можеме да ја избришеме, ниту да ја заборавиме онаа слика од полувремето, во кое Македонија постигна пет поени, наспроти оние 54 на противникот.

Нема што премногу да се издвои на оваа средба, нешто бевме подобри во третата четвртина во која успеавме да дадеме 14 поени, додека финишот ни беше еднакво катастрофален.

Следен противник е домаќинот Бугарија, мечот се игра во сабота.