Селекцијата на Грција важи за еден од главните фаворити на Светското првенство во Кина, во групната фаза силите ќе ги одмери со Нов Зелнад, Бразил и Црна Гора.

Ова лето во составот на оваа репрезентација ќе игра и најкорисниот играч во НБА-лигата, Јанис Адетокумбо, но не и неговиот брат Костас.

Денеска и официјално е објавен списокот од 14 кошаркари, покрај Костас на него не се најде ниту искусниот Вангелис Манцарис.