Истанбул одново се покажа среќен за Ливерпул, исто како и во 2005 година, по серијата удари од белата точка „црвените“ го совладаа Челзи со 3-2 (2-2, 1-1) и го освоија Супер-Купот.

Шпанскиот голман Адриан беше јунак на својот тим, го одбрани ударот на Абрахам. Голманот на Ливерпул добро ја прочита неговата намера и со нога ја одбрани топката.

Но, токму овој пенал предизвика бес во редовите на Челзи. Веднаш по завршување на мечот излезе фотографија од која може да се види дека чуварот на мрежата на Ливерпул стои далеку пред линијата, нешто што не е дозволено.

Според новите правила голманот со едната нога мора да биде на линијата не смее да биде со двете нозе напред додека играчот го изведува пеналот. Судијата требаше да го поништи голот, многумина фанови по оваа ситуација се прашуваа за што ли служи Вар-системот.