ФОТО: bitolanews.mk

Салата „Боро Чурлевски“ на големо се подготвува за европската сцена и секако мечевите од СЕХА-лига. Еурофарм Работник во новата сезона ќе настапува во Лигата на шампионите и регионалното натпреварување, но за да игра пред битолската публика салата мора да биде перфектна, но спротивно тимот ќе мора да се сели во друг град, поточно во Скопје.

Во текот на вчерашниот ден се поставуваше на новото осветлување.

„Екипите веќе ги имаат поставено и мрежно поврзани 83 рефлектори кои ќе ја осветлуваат салата со потребните 1.000 лукса, колку треба да има според строгите критериуми на ЕХФ“, пишува „bitolanews“.

Денеска претставници од ЕХФ треба да пристигнат во Битола за да дадат зелено светло. Во меѓувреме останува да се заврши започнатата санација на тоалетите под јужната трибина, уредување на таванскиот простор и помошните простории, како и на паркингот пред спортската сала.