Тешко им падна на кадетските репрезентативци поразот од Португалија во осминафиналето и фактот дека мора да играат за пласман на СП на кое се домаќини. Сепак одиграа одлично во последниот меч со Аргентина и се одјавија со победа.

„Не сум задоволен со 13. место. Бевме домаќини на ова СП и амбициите ни беа поголеми. Лошо го отворивме мундијалот, загубивме од Аргентина, еве денеска успеавме да ги победиме. Од натпревар во натпревар растевме, најдоброто го дадовме против Португалија вчера, но среќата не не посака… И покрај поразот вчера, собравме сили ги кренавме главите горе и се договоривме да одиграме и лесно триумфиравме. Имавме мал пад во финишот на мечот, но се пак успеавме да завршиме со победа“, вели крилото Ненад Костески.