Македонската репрезентација до 21 година нема да може да смета на услугите на еден од најдобрите играчи Енис Фазлагиќ кој поради сериозна повреда ќе ги откаже трите претстојни натпревари од квалификациите за Европското првенство.

Селекторот Благоја Милевски ќе мора да најде друго решение за играчот кој ги држеше конците во средниот ред во националниот тим. Фазлагиќ кој игра за Жилина нема среќа на стартот на сезоната во словачкиот шампионат затоа што ја обновил повредата на стапалото на десната нога поради која претходно паузираше извесен период.

Младиот фудбалер направил втора операција за краток период и сега го очекува нова пауза од два месеци.

Младата македонска репрезентација во септември ќе игра против Фарските Острови на домашен терен, а во октомври ја чекаат дуели со Црна Гора (гости) и Казахстан (дома).