Наполи ова лето ќе ја мине фамозната сума од 100 милиони евра потрошени за нови засилувања. Аурелио де Лаурентис во обид да направи шампионски тим, договори уште едно големо засилување.

Наполитанците за некој ден во својот тим ќе го добијат и мексиканскиот напаѓач од ПСВ Ајндховен, Ирвинг Лозано.

Според последните информации, двата тима си подале рака за трансфер сума од 42 милиони евра и се очекува фудбалерот да иницира договор со екипата во наредните денови. Навивачите на Неапол целосно го одобруваат трансферот, бидејќи веруваат дека Ирвинг во голема мерка ќе му помогне на тимот да тргне по Скудетото.