Кадетската репрезентација попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ против Аргентина го игра последниот натпревар на Светското првенство У19, а арената е пуста.

Најмногу 50-тина ентузијасти, родители на ракометарите и ракометни работници има на трибините кои дојдоа да им дадат поддршка на момците во последната мундијалска битка.

Можеби оправдување е и терминот (16:15) па многумина се уште се на работните места и ги завршуваат своите обврски или можеби поради фактот дека разигрувањето за пласман не е меч кој би сакале да го проследат.