Атлетик Билбао славеше голема победа во дуелот со актуелниот шампион Барселона на домашен терен. Резултатот гласеше 1:0 и погодокот беше дело на 38-годишниот голгетер Ариц Адуриз. Тој влезе во 88 минута и веќе во наредната минута на извонреден ја затресе мрежата на „Каталонците“ и така ја донесе победата на баскискиот клуб во 1.коло од шпанското првенство.
Барселона одигра слаб меч. Меси не играше, но затоа во составот беа Гризман, Де Јонг, Суарез… Уругваецот се повреди во 37. минута и го напушти теренот препуштајќи му го местото на Рафиња.