Металург со убедлив пораз, 33:23 (13:10) од домаќинот Чеховски Медведи го започна настапот на подготвителниот турнир во Русија, кој истовремено за нив беше и прва проверка на силите во предсезонскиот период.

Металурзите одиграа две различни полувремиња, па така ако во првиот дел успеваа да му парираат на домашниот состав, во продолжението следуваше пад на играта, што е и разбирливо, со оглед на тоа дека тимот се уште ја гради натпреварувачката форма.

Металурзите утре (14 часот) се соочуваат со белорускиот првак Мешков Брест, додека в недела за противник ја имаат романска Стеауа.