Сагата околу Нејмар никако да заврши. Како тргнало, прашање е дали ПСЖ ќе прифати било каква понуда за услугите на Бразилецот, кој пред две години дојде во редовите на францускиот првак за рекордна сума и постана најскапиот фудбалер во историјата на овој спорт.

Добро е познато дека каталонскиот тим беше во Париз на почетни преговори, но првата понуда која ја достави до ПСЖ не беше примамлива. Како што пишуваат тамошните медиуми, Барселона е подготвен да даде нови тројца играчи за Нејмар. Станува збор Жан-Каир Тодибо, Нелдо Семедо и секако Кутињо.

Но, ова не е доволно, францускиот првак сака да врати дел од парите кои ги издвои за Нејмар, бара 200 милиони евра, сума која Барселона очигледно ја нема или не сака да ја потроши.